Позиција: 1

560x90px

Добредојде, SkechBoy!
Точно време:
Интернет маркетинг
Што е интернет маркетинг?
Зошто MAFIA.MK
Ценовник
Статистика
Контакт

Што представува интернет маркетингот


Интернетот со својата неверојатна експанзија стекнува огромна популарност кај огласувачите, како медиум со голем број предности над останатите медиуми. Предности на интернет маркетингот:

  • Најпогодна цена
    Во споредба со останатите медиуми (летоци, плакати, билборди, весници, ТВ и радио) вашиот маркетинг буџет може да се искористи многу порационално. За многу помалку средства вашата реклама ќе дојде до многу повеќе посетители. Односот цена/посетител е неспоредлив во корист на интернет маркетингот.
  • Брзи резултати
    Огласувањето преку интернет ви носи резултати веднаш и нив можете да ги следите од минута во минута.
  • Кратко време за организирање кампања
    Маркетинг кампањата, од идеја до реализација, може да се оствари дури и за еден ден
  • Флексибилност
    Вашата реклама на интернет може да се менува и прилагодува во текот на целата кампања и тоа речиси без трошоци.
  • Достапност
    Рекламата е активна и присутна 24 часа дневно до сите корисници на интернет без оглед на нивната географска локација.
  • Големи можности
    Интернетот како нов маркетинг медиум, носи нови можности за огласување кои не постојат во класичните медиуми. Интерактивните и необични кампањи се одличен начин да се привлече вниманието на посетителите.

Зошто да ја изберете MAFIA.MK?

  • MAFIA.MK е првата Македонска веб базирана игра
  • MAFIA.MK привлекува повеќе од 20.000 посети дневно кои генерираат повеќе од 1.000.000 прелистувања дневно
  • Играта дневно ја посетуваат 10.000 играчи, а еден играч поминува просечно 30мин дневно играјќи ја играта

MAFIA.MK е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Во играта Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете од лижавчиња до автомобили, со цел да се собере поголема почит и секако – пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект играта има и едукативна намена. Имено во играта можете да се занимвате со брокерство, да продавате недвижности, да учествувате во зделки за продажба на разни продукти за кој има соодветна берза која се променува постојано.

„Идеjата ни е играта да не биде од оние игри само за губење време, но и играчите во текот на играњето да можат да научат нешто. Исто така со играта не сакаме да го прикажеме криминалниот живот како полесен начин за збогатување, туку последиците од него.“ Играчите имат можност да бидат сопственици на објекти во играта како што се автобуски и железнички станици, ародроми и слично кои доколку ги управуваат добро им носат солидна печалба.

MAFIA.MK се појави на пазарот на 1 Март 2010 година со својата бета верзија. Во првите утрински часови на пуштањето на играта имаше регистрирано стотина корисници, а за нецели три месеци играта веќе има 20.000 регистрирани корисници.

Со растот на бројот на интернет корисниците во Македонија се зголемува и посетеноста на играта. Континуираното подобрување на квалитетот на играта, дизајн и воведување нови сервиси се одлучувачки MAFIA.MK да биде одбрана за рекламен простор за вашата фирма.

Податокот дека вашата реклама би ја виделе до 10.000 посетители дневно покажува дека тоа е најефтиниот начин на рекламирање во споредба со останатите медиуми (летоци, плакати, билборди, весници, ТВ...)

Наши клиенти:

Влада на Р.М.

Ценовник за рекламирање и спецификаци

Позиција Димензии/пиксели Големина на фајлот Цена/неделно Цена/дневно Цена по
прикажување
Дополнително
Roll down Roll slide
1 560х90 50kb 150 € 30 € / - -
2 180х60 30kb 50 € 10 € / - x
3 180х60 30kb 50 € 10 € / - x
4 180х180 40kb 75 € 15 € / - -
5 180х180 40kb 75 € 15 € / - -
6 620х60 50kb 100 € 20 € / - -

НАПОМЕНА: 
- Минимум 5.000 закупени прикажувања дневно. 
- За Roll Down и Roll Side опција се доплаќа 50% од вредноста на закупениот банер.
- Цените се без 18% ддв.

Попусти

За време на викендите и државните празници се одобрува попуст од 30% само за изнајмувањата по ден.

Закупете реклама на подолг период и искористете ги понудените попусти за изнајмување по седмица:

    • 2 недели: 5%
    • 3 недели: 10%
    • 3 недели: 15%

 

Статистика за посетеноста на MAFIA.MK

за периодот од 11 Мај до 10 Јуни





Вкупно посети: 642,559

Вкупно прелистувања: 37,000,913

Уникатни посетители: 81,811

Просечно време на страницата: 00:27:02

Дневен приказ на остварените посети

Дневен приказ на остварените прелистувања



За нас...

S&S-Design

Executive director
Трајче Петров

Graphics Designer
Н. Војновски

Community Manager
Б. Кузманоски

Телефони за контакт
+389 (77) 813 387
+359 (89) 708 2496

Банер

Име*

E-mail*

Телефон


Во контактната форма погоре опишете го продуктот/услугата што сакате да ја рекламирате и временскиот период за кој сакате да го изнајмите рекламниот простор.

 

Позиција: 6

620x60px